Србија има нов претседател на сојузот

Photo © RSS

По оставката на Милена Делиќ од позицијата претседател на Ракометниот сојуз на Србија (РСС) почнаа големи промени во српскиот ракомет, а ниту една позиција од претходното раководство не е сигурна. 
Следеа оставки на претседателот на собранието Драган Буквиќ, селекторот на јуниорите Ѓорѓе Теодоровиќ, а денеска оставка поднел и директорот на машката репрезентација, Марко Вујин, прославениот српски ракометар. 

Нов претседател е Ненад Јанков (фото/лево), првиот човек на клубот Рудар од Костолац. 

Следни на ред ќе бидат селекторите, тоа го најави и новиот претседател. Ќе се анализира нивната работа, иако за селекторот на машката репрезентација Борис Ројевиќ и нема што многу да се анализира, затоа што тој од неодамна е на таа позиција.
Но, Ројевиќ е од Војводина, а целата смена во српскиот ракомет е директен производ од судирот меѓу Партизан и Војводина. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk