На последната ранг листа за европските купови, има нови моменти, а тие се однесуваат на Хрватска и на Романија.
Овие две земји следната сезона нема да го молат ЕХФ за вајлд карта. Хрватска се искачи од 14 на 8 место, а Романија од 11 на 7 место и со тоа и двете држави односно нивните шампиони а тоа ќе бидат Загреб и Динамо Букурешт добија директно место во Лигата на шампионите следната сезона.
Ова е добра вест и за македонскиот шампион кој иако ќе бара вајлд карта, нема да ги има овие два тима во конкуренција.
Од елитното друштво испадна Норвешка, а благодарение на санкциите, испадна и Белорусија.
Македонија напредуваше две места, односно ги мина Украина и Белорусија и сега од 13 е на 11 место, веднаш зад Норвешка.
За некакво поместување напред би можеле да зборуваме единствено во случај ако Пелистер годинава ја мине групата и се пласира во Плејоф.
Интересен е изгледот на ранг листата во ЛШ. По Македонија се Украина и Белорусија кои ќе паѓаат и натаму во ранкинг, потоа Словенија која годинава не се пријави ниту за вајлд карта и потоа се по азбучен ред – Албанија, Андора, Австрија сите со по нула бодови.