Дома си одат Јапонија, Аргентина и Шпанија

photo credit: IHF / Kolektiff / Sasa Pahic Szabo

Денеска се игра последното коло од Групната фаза, во женскиот, утре во машкиот турнир. Во пресрет на денешните пресметки во женска конкуренција, познато е само дека репрезентацијата на Шпанија сигурно си оди дома. 
Кој оди во елиминации, а кој дома ќе одлучат и во меѓусебен дуел Бразил и Ангола. 
Во другата група во игра за четвртото место се Германија, Јужна Кореја и Словенија. Сите три имаат по два бода, а денеска играат со скандинавски противници - Норвешка, Данска и Шведска. 

Утре кај мажите ќе бидат расчистени дилемите, а таму се знае дека дома си одат Јапонија и Аргентина. Франција и Унгарија играат директно за последното место во групата што носи елиминации, а во другата група во слична ситуација се Хрватска и Шпанија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk