Гидсел оди кон несоборив рекорд

Photo credit: IHF/Kolektiff/Sasa Pahic Szabo

Со 32 гола од 39 обиди, по три одиграни кола на врвот на листата на стрелците на Олимписките игри се наоѓа данскиот суперстар Матијас Гидсел. 
Продолжи ли во ист ритам, а нема зошто не би продолжил ќе стана најсериозниот кандидат за најдобар стрелец на Олимпискиот турнир во Париз. Во моментов на второто место е неговиот соиграч Симон Питлик со 23 гола. 

Ако му појде ова од рака на Гидсел, тогаш тој ќе стане со бокесерски термин кажано апсолутен шампион. Имено, Матијас Гидес е најдобриот стрелец од СП 2023, најдобриот стрлец од ЕП 2024 и му недостасува само уште олимпискиот појас. 
Досега на ниту еден играч не му успеало да биде најдобар стрелец на СП, ЕП и ОИ во ист циклус.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk