ОИ Париз: Се разигра Германија „настрадаа“ Словенките

Photo credit: IHF/ Kolektiff/ Sasa Pahic Szabo 

ГЕРМАНИЈА - СЛОВЕНИЈА  41-22 (16-9)
Смитс 7, Лот 7 - Грос 6, Омореги 5, Варагиќ 5

Олимписки медал заслужува секој што ќе може да го предвиди текот на женскиот ракометен турнир во Париз. Таму, пак, утрово, репрезентацијата на Германија која во воведните две кола беше поразена од екипите на Јужна Кореја и Шведска и одржа лекција на Словенија. 
Словенките имаа висок стартен пораз од Данска и висока победа над Јужна Кореја во пресрет на средбата со Германија. Утрово, беа непрепознатливи и поразени со рекордни досега на тековната Олимпијада 19 гола разлика! 

Германките првиот чекор кон победата го направија со серија од 5-1, кога од 6-5 стигнаа до 11-6. На полувреме беше 16-9. 
Со три гола на стартот на вториот дел поведоа со десет гола разлка (19-9) и комплетно ја деморализираа екипата на Словенија, па средбата до крајот беше чиста демонстрација на сила на Германија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk