Тони Герона ќе ја преземе Јапонија

Репрезентацијата на Јапонија се најде во непријатна позиција кога селекторот со кого соработуваа и обезбедија пласман на Олимписките игри, Дагур Сигурдсон, реши да го раскине договорот и да се врати во Европа, на клупата на репрезентацијата на Хрватска. 
Во краткиот временски период кој го имаа на располагање пред Олимписките игри се договорија со актуелниот тренер на Барса, Антонио Ортега. Toj е на клупата на Јапонија на тековните Олимписки игри, но поприлично е јасно дека како актуелен тренер на клуб каков што е Барса, долгорочно нема да може да функционира паралелно приказната и со селекторската позиција во Јапонија. 

Ракометниот портал G-SPORT, неофицијално дознава дека нов селектор на Јапонија, по завршувањето на Олимписките игри во Париз ќе стане доскорешниот селектор на Србија, шпанскиот стратег Тони Герона
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk