ОИ ПАРИЗ: Ова не (и) личи на Франција

Photo credit: IHF/Kolektiff/ Sasa Pahic Szabo

ФРАНЦИЈА - НОРВЕШКА  22-27 (11-16)
Мем 10, Фабрегас 3 - Блонц 7, Лисе 5

Одбрана што пука и се распаѓа, слаб голман и напад комплетно зависен од еден играч (Дика Мем). Тоа е во две реченици играта на Франција во првите две кола на Олимпискиот турнир на кој како домаќини важеа за прв фаворит за златото.
Никој не може да спори дека можат да фатат ритам и да стигнат до посакуваниот медл, звучни имиња во тимот имаат на претек, но нивната игра и залагањето не може да се спореди со тоа што го гледавме пред седум месеци во Дизелдорф и Берлин. 
По Данска која ги совлада со девет гола, денеска против Франција се прослави и Норвешка која ги совлада со пет гола разлика. И тоа релативно лесно, со разлика остварена уште во првото полувреме. 
Дика Мем до 55 минута имаше постигнато повеќе од пола од головите за Франција, сите од игра и тој податок потрдува каква е тимска игра на екипата што ја води Гијом Жил. 
На спротивната страна, Норвешка ја запиша втората победа по ред и веќе е блиску до место во елиминациите со реални шанси од поволна позиција да влезе во 1/4 финалето. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk