-
29.07.2024
-
Вести, Актуелно
Photo credit: IHF/Kolektiff/Sasa Pahic Szabo
ДАНСКА - ЕГИПЕТ 30-27 (19-9)
Откако во првото коло демонстрираше моќ над домашната Франција, репрезентацијата на Данска уште еднаш покажа дека ракометот што го играат, не е од оваа планета.
Втора жртва на новиот дански состав, во кој Микел Хансен и Расмус Лауге се епизодисти е тимот на Египет, силна репрезентација во која играат ѕвезди како Омар Јахија, Али Зеин итн.
Средбата почна со фуриозна игра на Данска и водство од 5-1 по што селекторот на Египет, Хуан Карлос Пастор мораше да бара тајм аут. По ова Египет се стабилизира, стигна и до минимална негатива (5-6), а потоа, следеше нова офанзива на Данците и водство од 19-9 на полувреме. И сето ова го постигнаа со леснотија која дава за право да ги издвоиме како единствен вистински кандидат за златото.
Вториот дел беше комбинација од ротација, штедење на сили, комбинаторики во системот. Одморија стартерите освен Гидсел кој диригираше темпо цел натпреварбие. Јуришаа од почетокот египетските ракометари, влегоа во голема серија, анулираа дури шест гола од негативата.
Но, Данска беше пресигурна, нивната голема предност недостижна, а Египет само успеа да го ублажи поразот и да направи резултатот да изгледа прифатлив.
Поврзани вести