ОИ Париз: Ангола ја шокираше Шпанија

PHOTO CREDIT> IHF/Kolektiff/Sasa Pahic Szabo

ШПАНИЈА - АНГОЛА  21-26 (15-14)
Кампос 6, Гутиерез 4 - Ненганга 7, Мачадо 6


Ангола го приреди најголемото изненадување во вториот натпреварувачки ден на женскиот олимписки турнир во Париз. Африканскиот шампион ја совлада Шпанија и им го нанесе вториот пораз на „герерас“ (воинки) на ОИ, практично отпишувајќи ја од трката во 1/4 финалето. 

Дека и во Африка се игра сериозен ракомет доказ е Ангола. Физички силна репрезентација која го подобрува својот квалитет, а сега е на ниво повисоко од Шпанија, не беше инфериорна ниту во првото коло, и не би се чуделе ако ја видиме во елиминациите. 
Првото полувреме против Шпанија беше израмнето, а во вториот дел, Ангола и дозволи на Шпанија да постигне само шест гола! И тоа со пауза од 13 минути во која од 46 со 59 минута не постигнаа ниту еден гол, а примија седум со што егалот се претвори во капитална предност за анголскиот состав. 

Поврзани вести