Лука Степанчиќ продолжува во Кувајт

Блискиот исток и натаму привлекува познати ракометни имиња од Европа, главно поискусни ракометари кои сакаат да заработат екстра пред да стигне залезот на кариерата. 

Лука Степанчиќ заедно со Стипе Мандалиниќ своевремено важеа за играчи кои ќе ги заменат Лацковиќ и Метличиќ. Не излезе тоа како што се замислуваше, но и двајцата си изградија солидни кариери. 

Годинава и двајцата се селат во Кувајт. Мандалиниќ  во клубот Бурган, а Лука Степанчиќ, според денешните информации од ракометниот блиско-источен свет, оди во екипата на Ал Араби. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk