ОИ ПАРИЗ: Словенките за пет минути ја „збришаа“ Кореја

Photo credit: IHF/Kolektiff/Sasa Pahic Szabo

СЛОВЕНИЈА - Ј. КОРЕЈА  30-23 (14-12)
Мавшар 7, Станко 6 - Ву 7, Канг 5

Втората репрезентација која по воведната победа на ОИ го расипа впечатокот и остана на двата освоени бода е репрезентацијата на Јужна Кореја. 
Корејките во првото коло ја совладаа Германија и најавија дека нема да бидат епизодисти во Париз. Но, денеска се сретнаа со дебитантот Словенија и сликата се смени.

Првиот дел беше израмнет со мала резултатска предност за Словенките што на крајот на првиот дел изнесуваше два гола (14-12). 
Почетокот на второто полувреме беше решавачкиот период на мечот. Импресивно се бранеше и напаѓаше Словенија и со серија од 7-0 стигна до водство од 21-12. 
По ова Кореја успеа да намали на минус пет во еден момент, но Словенките брзо го запреа тој бран и се вратија на дистанца која лесно можеше да биде и двоцифрена. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk