ОИ: Утринска драма во Париз, Унгарија со пресврт до прва победа

Photo credit: IHF / kolektiff / Sasa Pahic Szabo

Вториот ден од женскиот Олимписки турнир почна со драма и изненадувачка победа на Унгарија над Бразил. „Изненадувачка“ имајќи го предвид импресивниот старт на Бразил и победата над Шпанија и воведниот пораз на Унгарките од домашната Франција. 

Бразил водеше речиси цел натпревар. Во 40 минута имаше и пет гола предност (18-13), но уште еднаш Унгарија покажа карактер, волја и квалитет за да се врати во игра. 
Драмата почна во 55 минута, кога Унгарија комплетираше два гола по ред за израмнување (23-23). Бразил постигна гол за водство, а потоа следеа два гола на Петра Симон, вториот на само пет секунди до крајот за победа на Унгарија од 25-24. На тој гол му претходеа по две промашувања и од Бразил и од Унгарија. 

Ако не знаевте: Стрелецот на голот за реми и на голот за победа Петра Симон е „онаа“ ракометарка што не допатува со Унгарија на Јуниорското Светско првенство во Скопје одржано во јуни, иако според возраста имаше право да настапи. Петра Симон стана сениорска репрезентативка и според принципите по кои се работи во Унгарија, таа веќе не настапува за помладата категорија и го отстапи своето место на друга ракометарка. Унгарија да потсетиме, на СП во Скопје стигна до финалето каде што беше поразена од Франција. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk