ЕГИПЕТ - УНГАРИЈА 35-32 (19-15)
Јахија 9, Адел Ахмед 9 - Имре 7, Фазекаш 5
Египет ја совлада Унгарија на стартот на олимпискиот турнир во Париз, на натпревар што имаше големи резултатски и осцилации.
Стартот комплетно им припадна на ракометарите на Египет кои доминираа на теренот, водеа со 4-1, а потоа откако Унгарија навидум се врати во игра (6-7), влегоа во опасна серија која им донесе и водство од осум гола разлика (16-8).
Се чинеше дека тука приказната завршува, дека Јахија, Хендави и другите „фараони“ лесно ќе ја приведат кон крајот оваа средба, особоно што познатата унгарска одбрана не се состави, а нападот им беше јалов.
Но, прерано почнаа да слават египетските ракометари, попуштија во ритамот и Унгарија почна да ја игра својата игра. Малку по малку предност почна да се топи, а во 45 минута бепе 23-23.
Потоа одново почна битка гол за гол. Во финишот, две пресечени топки и една одбрана на некогашниот пелистерец Карим Хендави го доведоа Египет до водство од 32-28.
И одново прерано почнаа да слават египетските ракометари. Погрешија, примија два брзи гола и Унгарија стигна до 32-33.
Но, во последниот напад, со играч повеќе, Омар Јахија погоди за 34-32, а последниот гол е само шминка на резултатот.
Овој натпревар го судеше македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Поврзани вести