Шпанија слави, Варгас ги запре Словенците

ШПАНИЈА - СЛОВЕНИЈА  25-22 (8-11)

Шпанија е победник на премиерниот натпревар од машкиот турнир на Олимписките игри. Утрово славеа победа од 25-22 над Словенија, на меч на кој и избраниците на Урош Зорман имаа реална шанса да победат. 
Шпанците не стартуваа добро, Словенија го контролираше натпреварот и можеше сѐ да реши и во првите 40 минути. 
Но, нивното водство од два гола разлика не се зголеми затоа што Словенија промаши дури пет зицери и тоа по ред. Три од нив еден на еден ги запре голманот Варгас, два шута завршија покрај голот. 

Како и да е, Словенија имаше плус три на полувреме, а потоа имаше и водство од 14-11 и напад за плус четири. Во тој напад се сплеткаа, згора на тоа Бомбач направи непотребно исклучување и тоа го сврте текот на натпреварот. 
Словенија во следните минути без голман, прими четири гола од кои два на празен гол, а Шпанија не семо резултатски, туку го врати и својот ритам на игра. 
Словенија се обиде со уште едно „Ура!“, но Варгас стапи одново на сцена и со 15 одбрани беше дефинитивно играч на мечот. Зорман можеби предоцна погоди добра постава на терен и веќе немаше назад. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk