-
27.07.2024
-
Вести, Актуелно
Хансен против Карабатиќ, Косуке Јасухира против Циндриќ, Дувњак и бившиот тренер Сигурдсон, Сандер Сагосен против браќата Симонет, Душебаеви против момците на Зорман... Сето ова спакувано во целодневна програма уште на првиот ден од машкиот турнир на Олимписките игри во Париз.
ДЕНЕСКА НА ОИ:
09:00 Шпанија - Словенија (МТВ- 3)
11:00 Унгарија - Египет
14:00 Хрватска - Јапонија (HRT-2)
16:00 Норвешка - Аргентина
19:00 Шведска - Германија (МТВ -3)
21:00 Франција - Данска
Многу работи се кажани, многу останаа за (рас)кажување. Тоа што е најбитното ќе биде кажано на теренот од денеска натаму на Олимпискиот турнир во Париз. Мораме да признаеме дека сме малку разочарани од тоа како изгледаше првиот ден на женскиот турнир, но ќе мораме да се привикнеме да гледаме ракомет без ЛЕД реклами, со поскромен технички пренос и трибини оддалечени од публиката и свртени кон записничките маси.
Шпанија и Словенија го отвораат првиот олимписки ден, спектаклот е за крајот - се среќаваат ракометните тешкаши, Франција и Данска на можеби последниот дуел „еден на еден“ на двајцата најголеми играчи во последниве години - Никола Карабатиќ и Микел Хансен. Двајцата ја завршуваат кариерата и ова ќе биде нивниот последен танц на ракометните терени.
Резервирајте го денешниот ден за врвен ракомет, спектаклот почнува во 09 часот, завршува ноќта, по 22:30... Следете ги новостите од Олимписките игри на ракометниот портал g-sport.mk
Поврзани вести