Саботирани париските брзи возови

photo: Le Parisien

Пресечени кабли, подметнати пожари и слични герила акции на неколку клучни постојки на француската железница предизвикаа хаос во сообраќајот во Париз воочи отворањето на Олимписките игри.

Се работи за организирани акции од кои само денеска ефектот ќе го почувствуваат околу 250.000 патници кои планирале да ја користат железницата, а за време на викендот таа бројка ќе порасне на повеќе од 800.000. Мобилизирани се стотици работници, но поправката ќе биде „уметност“ да се направи во краток рок. пишува Ла Парисиен. 

Патниците засега се трпеливи, чекаат нови термини за возовите, играат карти, расклопуваат столчиња за плажа итн. Но, нивниот број постојано се зголемува. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk