-
26.07.2024
-
Вести, Актуелно
foto: Norges Handballforbund
Норвешките фанови вчера преживеаја два шока на натпреварот со Шведска. Првиот беше поразот од Норвешка, но колку и да е тој болен, Норвешка може да победи сѐ по ред до крајот и одново да се качи на подиум.
Но, поголемиот шок беше отсуството на официјално најдобрата светска ракометарка за 2023 - Хани Рејстад. Непосредно пред натпреварот, Норвешка направи замена и место повредената Рејстад, во игра влезе Тале Деила.
Имајќи предвид дека измена на ОИ е можна само со медицинска документација, тоа значи дека некој треба да се повреди за Рајстад да влезе во игра.
Но, нема да биде така. Правилото за измени, во име на „за доброто на спортот“ беше модифицирано.
И натаму за измена ќе биде потребна комплетна медицинска документација, но измената се состои во тоа што, ако повреден играч успее да се рехабилитира, тој ќе може да се врати во тимот.
Тоа значи дека ако Хени Рајстад се рехабилитира, а блиску е, тогаш Норвешка ќе може да направи нова измена и да ја замени Тале Деила без таа да биде повредена.
Поврзани вести