Алкалоид влезе во сала и почна со тренинзи

По Вардар, Е. Пелистер и Охрид уште еден тим од горниот дел на македонскиот ракомет, Алкалоид ги почна подготовките за својата трета суперлигашка сезона во која влегува како бранител на пехарот од Куп на Македонија.
Скопската екипа својот прв собир го имаше во салата „Автокоманда“, каде што ќе остане до празниккот. Потоа од трети август заминува на десетдневни подготовки на Маврово. Прв пат на терен ќе ги видиме на 17 август против екипата на Врање.



Во рамки на летните подготовки, Алкалоид од 20 до 24 август ќе учествува на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид каде што ќе одигра четири натпревари. Првиот на 20 август (16:30 часот) против екипата на Динамо Панчево. Вториот меч ќе го игра на 22 август (21:00 часот) со Олимпијакос Атина, третиот на 23 август (16:30 часот) со екипата на Ловќен од Црна Гора. Последниот ден на турнирот ќе се играат натпреварите за пласман. Не е исклучена можноста да биде договорена уште некоја контролна средба.

Клубот вчера промовираше четири нови ракометари. На крајот на сезоната, исто така заминаа четири играчи. 
Нови членови на Алкалоид се голманот Марко Кизиќ, крилото Никола Костески и бековите Франциско Силва и Михаил Иваноски. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk