ОИ ПАРИЗ: „Паднаа“ Норвешка, Шпанија и Германија!


Предпремиерно на Олимписките игри во Париз се одигра првото коло од женскиот ракометен турнир на кој од шест натпревари, на три беа запишани неочекувани резултати.
Првото „изненадување“ го сервираше Бразил, кој неочекувано лесно доминираше над репрезентацијата на Шпанија и ја совлада со дури девет гола разлика.
Веднаш по нив, Јужна Кореја покажа дека не заборавила да игра ракомет и предводени од бекот на Ѓер, Риу Ун Хи (6 гола) минимално ја совлада репрезентацијата на Германија. 
Најголемото изненадување, сепак, го сервираше Шведска која успеа да ја надигра фаворизираната Норвешка која пак вчера настапи без Хени Рејстад, најдобриот играч во моментов. 
Денеска е ден резеривран за свеченото отворање на игрите и нема да има ракометни натпревари, а утре возбудувањата продолжуваат со првото коло од машкиот турнир. 

ОИ ПАРИЗ
1 КОЛО
Словенија - Данска (А) - 27-19 (14-11)
Холандија - Ангола (Б) - 34-31 (19-18)
Шпанија - Бразил (Б) - 18-29 (10-15)
Германија - Ј. Кореја (А) - 22-23 (10-11)
Унгарија - Франција (Б) - 28-31 (12-15)
Норвешка - Шведска  (А) - 28-32 (15-12)

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk