Четири нови имиња во Алкалоид

РК Алкалоид го заокружи квартетот на македонски екипи кои играат во Европа и кои ги почнаа подоготовките за следната сезона. За за својата трета суперлигашка сезона во која биде и бранител на пехарот од Куп на Македонија, Алкалоид подготви неколку играчки замени во составот и денеска претстави четири нови ракометари. 

Репрезентативниот голман на Македонија, Марко Кизиќ, е ново име во Алкалоид, Овој 23 годишен голман доаѓа по настапите за Вардар и Е. Пелистер.
Повртаник во Македонија по седум сезони и уште еден репрезентативец, Никола Костески, ќе ја покрие десната крилна позиција каде што останува само Александар Петковски на почетокот на следната сезона. 

Леворакиот бек, Михаил Иваноски покажа напредок додека играше за Мулти Есенс и следнава сезона ќе биде дел од Алкалоид. Четвртото засилување е ракометар кој доаѓа на позицијата лев бек, иако игра и како централен бек. 

Франциско Оливеира да Силва, 25 годишен лев/среден бек е четвртото засолување. Тој е  ракометар кој доаѓа од Португалија. Потекнува од Брага каде што играше од 2011 до 2020 година. Потоа настапуваше за екипата на Виториа, потоа играше во Шпанија во екипата на па Гвадалахара, а во 2023 во унгарскиот тим Егер од каде што доаѓа во РК Алкалоид.

Галерија

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk