Ракомет на ОИ Париз, каде да гледате?

Два натпревари од првото коло од женскиот ракометен турнир на Олимписките игри во Париз веќе се одиграа. 
На првиот меч, репрезентацијата на Данска ја совлада Словенија (27-19), а веднаш по нив Холандија славеше победа над Ангола од 34-31.
Двата меча беа интересни за гледање и сосема солидни со квалитет, иако резултатски немаше поголеми возбудување со оглед на тоа дека Данска и Холандија постојано имаа контрола на ситуациите што се одвиваа на теренот кој има нова нијансирана светло сина боја и темно син голмански простор.
Денеска ќе е прилично едноставно да се гледаат натпреварите и нема да има потреба од специјално трагање по тв каналите. Во текот на денот ќе се одиграат уште четири натпревари од првото коло од женскиот олимписки турнир, а сите натпревари ќе бидат пренесувани директно на тв каналот Eurosport 1.

ДЕНЕСКА НА ОИ
Словенија - Данска (А) - 27-19 (14-11)
Холандија - Ангола (Б) - 34-31 (19-18)
14:00  Шпанија - Бразил (Б)
16:00  Германија - Ј. Кореја (А)
19:00  Унгарија - Франција (Б)
21:00  Норвешка - Шведска  (А)

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk