ОИ Париз: Ракомет ќе се игра на стадион, но...

Ракометните натпревари на Олимписките игри во Париз ќе се играат и на фудбалски стадион прилагоден за овој настан, со капацитет од 24.000 гледачи. Но, има проблем. Тој стадион не е во Париз, туку во 200 километри оддалечениот Лил, а тоа значи дека по групната фаза, ракометарите го напуштаат олимпиското село и се селат во Лил.
Ова не им се допадна на повеќето ракометари, а јавно реагираа главно скандинавските играчи. Велат, убаво е што ќе се игра на стадион, што ќе спијат во „нормални“ хотели со вистински кревети и душеци итн. Но, тоа е искуство што го имаат од Светските и Европските првенства.
Олимписките игри се нешто посебно, сакаат да останат во Париз каде што е епицентарот на Олимпијдата и преселбата во Лил ја оценуваат како минус. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk