ДЕНЕСКА РАКОМЕТ НА ОИ: Словенија и Данска ја креваат завесата во Париз

Малку неблагодарен момент е што ракометниот турнир на Олимписките игри во Париз почнува ден пред големото отворање на игрите, но ракометните фанови сигурно ќе уживаат во натпреварите уште денеска, со првото коло од женскиот турнир. Денеска стартуваат натпреварите од Олимписките игри во Париз, а први на терен ќе се појават ракометарките на Словенија предводени од знаменосецот Ана Грос и трикртниот олимписки првак Данска.

Натпреварот можете да го гледате на eurosport 1

ДЕНЕСКА НА ОИ
09:00  Словенија - Данска (А)
11:00  Холандија - Ангола (Б)
14:00  Шпанија - Бразил (Б)
16:00  Германија - Ј. Кореја (А)
19:00  Унгарија - Франција (Б)
21:00  Норвешка - Шведска  (А)

Ако не знаевте: Женскиот ракомет на Олимписките игри прв пат се појавува во 1976 година. Данска е репрезентацијата со најмногу златни медали, вкупно три. Еден помалку од нив имаат Ј. Кореја, Норвешка и СССР. 
Само двапати досега една репрезентација успеала да победи на иста Олимпијада и во машка и во женска конкуренција. Тоа и успеа на Југославија во 1984 во Лос Анџелес и Франција во 2020 во Токио. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk