Без Германија на отворањето на ОИ Париз!

Олимписките игри се посебен спорски настан и спектакл. Отворањето на Олимписките игри се посебен дел од посебниот спортски настан и спектакл. Да се биде дел од парадата на отворањето е чест и привилегија, би додале и обврска. 
Машката репрезентација на Германија, не мисли така. 
Германците одлучија да не присуствуваат на парадата на отворањето на Олимписките игри во Париз. Изјавија дека не се олимписки туристи и дека сакаат да бидат спремни. Ќе им одземело премногу време и немало да можат да се подготват пред првиот меч.
Женската репрезентација има подобар распоред и тие ќе патуваат за Париз и ќе бидат дел од отворањето.  

Поврзани вести