Будуќност полека се „растура“

Подоготовките на женскиот шампион на Црна Гора и двократен европски првак Будуќност требаше да стартуваат пред два дена, но од тоа засега нема ништо. Клубот е на раб да се распадне по отказот на нивниот неколкугодишен спонзор. Градот најави помош, но таа засега не пристигнала. 
Русинката Валерија Кирдајшева веќе си замина и потпиша за романската екипа Глорија. Следна која заминува е Ѓурѓина Јауковиќ.
Црногорскиот бек летово се врати од францускиот Брест и потпиша за Будуќност, но нема да го облече сино-белиот дрес. Како јавуваат црногорските медиуми, таа веќе си ги земала документите и се договорила со извесен Топ-тим кој наскоро ќе ја промовира свое засилување. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk