Оставка среде Европско првенство!

photo credit: Jurij Vodušek / Rokometna zveza Slovenije

Репрезентацијата на Србија, на М20 првенството што се игра во Словенија ќе биде пласирана меѓу 13 и 16 место. Овој пласман ќе им донесе учество на следното СП У21, што е за нив чекор напред затоа што не учествуваа на кадетското првенство минатата година. 
Но, по петте порази, селекторот Ѓорѓе Тодоровиќ и тренерот Петар Жујовиќ, прогласија резултатски неуспех, ја преземаа одговорноста и поднесоа оставки среде првенство.
Двајцата ќе останат на клупата на последните два меча, а потоа се разделуваат со екипата.
Иако во официјалното соопштение на селекторот стои дека оставката е исклучиво од морални причини, сепак, не можеме да го избегнеме впечатокот дека има поврзаност со оставката на претседателот на РСС, Милена Делиќ објавена само еден ден порано. 

Поврзани вести