Промена на правила: Доаѓа крај за глумците

Искуството од одредени ситуации кои се повторуваа и носеа забуни и изнудуваа погрешни судиски одлуки го принуди ИХФ да интервенира во ракометаните правила. Воведени се дополнувања на правилата и тие веќе стапија на сила од 1 јули годинава. 

Најпознатото дополнување се однесува на изведувањето на слободен удар по истекот на времето. Сега е јасно дефинирано дека едната нога мора постојано да е на земја и таа не смее да се менува. Но, ова не е единствената стара новост.
Ако при иведување на ваков удар на полувреме е погоден во глава одбранбениот играч, тогаш следува директен црвен картон за изведувачот.

Расчистено е и дополнето што значи погрешна измена, на пример кога екстра играчот е со едната нога во поле. 

Конечно, доаѓа крај на глумците и оние иритантни ракометари кои имаа истренирано дуели т.е. контакт со противничката одбрана со која постојано изнудуваат седмерци. Ако судијата примети дека играчот прави театар, пример се фаќа за лице а контактот бил на гради, рамо... тогаш напаѓачот мора да добие исклучување од две минути

Ротација ќе има и кога ќе се изведуваат седмерци. Ако по по пет пенали резултатот и натаму е нерешен, тогаш екипата што прва изведувала седмерец во серијата, ќе изведува втора. 

Ако играчот блокира со нога, а тоа има влијание на акцијата, тогаш жолт картон веќе нема да се доделува туку е задолжително исклучување. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk