Вардар потпиша со португалски голман

фото: FPA

Мигуел Еспиња, голманот на шпанската екипа Куенка со која имаше договор до 2026 е замената за Мартин Томовски во екипата на Вардар. 
Еспиња има 30 години и потекнува од екипата на Бенфика каде што мина десет сезони пред да се пресели во редовите на Хуеска, па потоа во францускиот Сесон Рен од каде што замина за Куенка. 

Мартин Томовски беше потпишан зад некои од најважните резултати на Вардар во последните сезони и пред Еспиња ќе биде тешка задача да го задржи нивото на македонскиот репрезентативен голман. Но, тој е осмиот нов играч во Вардар кој следствено добива сосема нов лик и ќе биде интересно да видиме како Влад Недановски ќе се вклопи сите овие лица во компактна екипа која ќе треба да одговори на резултатските очекувања на големата база на навивачи. 

Вардар утре ќе ги дознае и противниците во групната фаза на ЕХФ Европската лига. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk