Српскиот ракомет остана без претседателот

Претседателот на Ракометниот сојуз на Србија, Милена Делиќ, ја информираше јавноста дека поднела неотповиклива оставка на позицијата прв човек на српскиот ракомет. 
Причините - опструкцијата која ја вршел РК Партизан и неговите сојузници, од кои наводно дел морале - дел сакале да се приклучат кон „кампањата“. 

Од страна гледано, со доаѓањето на Делиќ на позицијата претседател српскиот ракомет тргна со скромни чекори напред. Првенствено без скандали, вратени долгови, подобра финансиска ситуација а тоа не е мал чекор, потоа извадија нова одлична генерација на играчи, клубовите полека тргнаа напред предводени од Војводина. 

Негативните работи кажаните и некажаните си ги знаат самите. На дел не им чинеше, но секогаш е полесно да се критикува отколку да се гради. Таа струја и ја доби битката. Сега добија тоа што сакаат. Па ќе видиме, шанса да биде подобар ќе добие некој нов човек.
Дали  и работите ќе тргнат на добро или ќе се вратат три чекори назад. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk