Јуниорите ја победија и Романија

Photo credit: Јјurij Vodušek / Rokometna zveza Slovenije

МАКЕДОНИЈА - РОМАНИЈА  31-26 (15-15)
Брестовац (7 одб), Галевски 1/1 (8 одб), М. Стојановски 2/2, Субашевски 2/2, Михајловиќ 1/1, Ристевски 1/1, Узунчев 6/7, Белистојаноски 1/1, Шулески 0/1, Даневски 3/4, Димковски 1/4, Митев 3/4, Карасманакис 5/8, Димевски 1/2, А. Стојановски 1/1, Калајџиески 4/7


Уште еден убав натпревар со противник близок со квалитетот одигра репрезентацијата на Македонија на М20 првенството во Словенија. 
Денеска македонските јуниори се сретнаа со репрезентацијата на Романија, во натпревар кој за македонскиот тим имаше клучно значење во битката за пласман и натамошното вкрстување на првенството.
Македонија одигра импресивна партија и ја разби Романија. Со оваа победа, сега имаме четири бода и сигурен пласман во вкрстувањето од 9-12 место. 

Во првиот дел, двата тима имаа свои периоди во кои ја контролираа играта и го имаа резултатот во своја полза. По 30 минути, на семафорот 15-15, а во вториот дел подобро отвори нашата селекција и од резултат 17-17 со четири гола по ред поведе со 21-17 и го принуди романскиот селектор да ја паузира играта на една минута. Серијата на Македонија запре на 6-0 и водство до 23-17 по што Романција по пауза од речиси девет минути постигнаа гол. 

Македонија имаше двајца расположени голмани. Брестовац во првиот Галевски во вториот дел. Надежите на Романија дека може да направи пресврт ги разби Галевски со одбранет зицер, а нивната игра без голман беше казнета со гол на празна мрежа и во еден момент Македонија дојде во позиција да брка победа и од 10 гола разлика. 
Не отиде во тој правец натпреварот, Романците постигнаа неколку погодоци во финишот и го ублажија поразот. 
 
По втор пат на првенството за МВП играч од македонскиот тим беше избран Иван Галевски

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk