Photo Credit: Jurij Vodušek / Rokometna zveza Slovenije
МАКЕДОНИЈА - ПОЛСКА 28-26 (15-14)
Брестовац, Галевски, М. Стојановски 2/2, Субашевски 3/3, Михајловиќ, Ристевски, Узунчев 4/7, Белистојаноски 2/2, Шулевски 2/3, Даневски 1/1, Димковски 1/3, Митев 4/5, Димевски 1/1, А. Стојановски 1/2, Калајџиески 4/4, Карасманакис 3/7
Македонија во првиот меч од разигрувањето за пласман или Средна рунда се сретна со селекцијата на Полска. Оваа репрезентација во Прелиминарната рунда беше поразена од Шведска (26-38) и од Исланд (32-37), но славеше висока победа над Украина (40-22) и како најдобро третопласирана мина во Средната рунда.
Разликата во квалитет меѓу македонскиот и полскиот тим е мала, ако воопшто и ја има и тоа убаво резултатски се преслика на теренот, особено во првиот дел.
Македонија поведе со 6-2 и се чинеше за момент дека ќе го прекрши мечот уште во раната фаза и потоа ќе може да ја контролира средбата и да диктира како ќе се игра. Но, за жал, тоа не беше случај.
Разликата остана на три гола, но Полјаците полека фаќаа ритам, успеаја да го доведат мечот со егал, па дури и да поведат (14-13).
Субашевски и Димевски не дозволија така да остане и набрзина Македонија го врати водството (15-14) што беше и резултат за полувреме.
Македонија поведе со 17-14 и имаше пенал на почетокот на вториот дел. Но, немаше плус четири, полскиот голман одбрани, а потоа Македонија заработи две исклучувања во следните два напада на противникот и се создадоа услови за резултатско враќање на Полјаците.
Се вратија на минус еден (17-18) и потоа продолжи игра гол за гол, но Македонија беше на потег и успеа да направи серија со која дојде во водство од 24-19 во 47 минута, три минути подоцна водеше 26-20. Калајџиески имаше добар период, Митев постигна три од три, ефектни голови од девет метри и Македонија полека одеше кон својата втора победа.
Во 55 минута беше 27-22, па и времето почна да работи за македонскиот тим. Во 57 минута, Брестовац одбрани седмерец при 27-23 со што дефинитивно ги отпиша Полјаците.
МВП на натпреварот од редовите на Македонија, беше Мирче Калајџиески