Шест екипи утре во европската ждрепка

Европската сезона утре ќе ја добие својата форма, откако ќе биде извршена првата жрепка во четири Европски купови. Ждрепката ќе се одржи во Виена со почетокот од 11:00 часот, а први во лотаријата ќе бидат екипите од женскиот ЕХФ Куп. 
Македонија овде ќе има два претставника, екипите на Чаир кои стартуваат од второто коло и тоа како носители и екипата на Металург Автокоманда која исто така стартува од второто коло, но нема да биде меѓу носителите. 

По ова ждрепката продолжува во ЕХФ Куп во машка конкуренција во која Македонија ќе има три претставници. 
ГРК Тиквеш прв ќе го дознае противникот бидејќи како клуб со вајлд карта е најслабо рангираната екипа. Кавадарчани ќе играат во првото коло, а ќе бидат во ждрепката и за второто. 
Таму, пак, се екипите на Алкалоид кој во ЕХФ Куп стартува како носител и екипата на ГРК Охрид која е исто така директно пласирана во второто коло, но не е носител. 

Следни ќе бидат екипите од ЕХФ Европската лига во женска конкуренција. Македонскиот првак, Ѓ. Петров ЖРК е претставник на Македонија во ова натпреварување. 

Единствениот македонски клуб кој ќе почека за имињата на противниците е Вардар 1961. Црвено-црните играат во групната фаза на ЕХФ Европската лига, а нивната ждрепка е закажана за 19 јули. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk