Брестовац го одби Котбус, ќе има нов клуб

Голманот на македонската М20 репрезентација, Давид Брестовац заминува од екипата на Котбус и ќе има нов предизвик во сезоната што е пред нас. 
Германскиот тим се поздрави со македонскиот чувар на мрежата, а пред своите фанови се оправда дека му понудиле нов подобрен договор на Брестовац, но дека нашиот ракометар го одбил и решил да оди по својот пат понатаму. 
Давид Брестовац е син на поранешниот македонски репрезентативен голман Данило Брестовац кој подоцна беше и селектор на Македонија, а во моментов е тренер на екипата на Ал Араби од Катар. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk