Аларм во Франција: Се повреди Дика Мем

foto: FC Barcelona

Видна вознемиреност во француската ракометна јавност донесе информацијата дека за време на подготовките за ОИ се повредил Дика Мем, нивниот најдобар играч и најдобриот светски десен бек. 
Дика Мем заработил повреда на палецот на левата, шутерската рака. За среќа нема фрактура, па така остануваат и шансите да се рехабилитира пред стартот на Олимписките игри, но ќе мора неколку дена да биде имобилизиран. 
Дека е сериозно, потврдува податокот дека селекторот Гијом Жил го врати во репрезентацијата Кентан Мае кој беше надвор од спиосокот од 17 играчи. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk