Македонија - Хрватска, каде да гледате?

Foto credit: Slavko Kolar/Rokometna zveza Slovenije

Македонската репрезентација М20 во првото коло славеше убедлива победа над Црна Гора, додека тимот на Австрија ја совлада Хрватска. Денеска се среќаваат Македонија и Хрватска и доколку нашиот тим победи, ќе се најде во позиција да игра за првото место во групата (Топ 8).

Натпреварот ќе биде пренесуван на ehftv.com. За да гледате ќе мора да креирате свој профил. 

По првото одиграно коло освен изненадувачката победа на Австрија, ќе ја одбележиме и победата на Шпанија над Франција (37-31). Шпанците се предводени од близнаците Петар Цикуша (9 гола) и Ѓорѓе Цикуша (7 гола). 
Фарски Острови со Оли Митун во тимот (8 гола) водеа и со шест гола разлика на почетокот на вториот дел од дуелот со Швајцарија, но на крајот победија минимално 30-29, во драматичен финиш во кој Швајцарците израмнија на 29-29, но надежите за бод им ги одзема Хавардсон кој беше стрелец на победничкиот гол. 
Овие два резултати се од групата „Ц“ и се важни и во прилог на Македонија затоа што е можно да се пребројуваме со бодови и гол разлика за пласман во Главна/Средна рунда токму со овие екипи.

Групата „А“ во која е Македонија вкрстува и со групата во која Германија ја совлада Србија (33-29), а Португалија славеше висока победа над Грција (40-22). Ова не е добра вест за нашиот тим, затоа што таму Грција очигледно е голем аутсајдер против кого евентуалните ривали ќе набилдаат голема гол разлика. 
Португалија на ова ЕП игра без најголемата млада ѕвезда - Франциско Кошта кој веќе е сениорски репрезентативец и го има отстапено своето место на други талентирани соиграчи.  

ДЕНЕСКА ИГРААТ:
12:00 МАКЕДОНИЈА - ХРВАТСКА
16:40 АВСТРИЈА - ЦРНА ГОРА
 
1.
110031:212
2.
110027:232
3.
100123:270
4.
100121:310

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk