Кил купи хрватски пивот

Уште еден хрватски ракометар од генерацијата која во 2019 година во Скопје играше на СП за кадети успеа за пет години да напредува до таа мерка што за него се заинтересира и му понуди договоро германскиот Кил. 
Верон Начиновиќ, пикерот на тогашната кадетска репрезентација која заврши на 10 место (елиминирана исто како и Македонија во 1/8 финалето) потпиша договор со Кил и ќе биде нивни играч од сезоната 2025 до јуни 2028 година.
Начиновиќ како играч корисен во два правца по кадетското СП во Скопје се пресели во редови на Целје каде што одигра една сезона и оттаму беше испратен во Монпеље каде што ќе ја мине и претстојната сезона. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk