Данска (принудно) ќе има и десно крило на ОИ

Пропадна планот на Николај Јакобсен, селекторот на Данска на Олимписките игри во Париз да патува без десно крило и со три десни бека да ротира и да штеди сили.
Данска ќе има десно крило и тоа ќе биде нивното легендарно крио Ханс Линдберг кој веројатно таму и ќе ја заврши репрезентативната кариера.
Планот на Јакобсен пропадна затоа што се повреди Мадс Хоксер, еден од триото десни бекови заедно со Николас Киркелока и Матијас Гидсел. Хоксер има повреда на стапалото и нема да настапи на Олимписките игри. 
Штета за него и за идејата, навистина сакавма да видиме дали овој експеримент е одржлив во врвниот ракомет. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk