Чаир и Металург Автокоманда во второто коло на ЕХФ Куп

Сите 64 екипи што се пријавија за годинешното учество во ЕХФ Куп во женска конкуренција ќе бидат сместени во Второто коло, меѓу нив и двете македонски екипи, Чаир и Металург Автокоманда.
Чаирчанки како подобропласиран тим од Македонија се наоаѓаат во горниот дел, меѓу 32-те екипи што ќе бидат носители.
Металург Автокоманда е само едно место под линијата и во ждрепката ќе влезе како екипа број 33 и ќе биде во вториот шешир.
Ждрепката ќе се одржи следната недела, на 16 јули. Првите натпревари ќе се играат на 5/6 октомври.

ЛИНК ДО КОМПЛЕТНАТА РАНГ ЛИСТА
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk