Будуќност ќе се спаси од банкрот

Замина спонзорот, се направи драма. Во јавноста беа пласирани изјави дека клубот Будуќност е пред гасење. Веста се рашири низ цела Европа, па „некој“ мораше да реагира и во Црна Гора.

Будуќност извесно нема да згасне. Новото раководство кое ќе го финансира клубот ќе биде градот Подгорица. Така велат црногорските медиуми, но целата приказна оди кон очекуван епилог.

Ќе мине низ малку потежок и потурбулентен период, додека да се услогласат законските регулативи. Клубот ќе го задржи рејтингот за Лига на шампиони, но како ќе изгледа новиот финален производ, кој ќе биде тренер, кои играчи ќе останат/заминат засега не е познато.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk