Николас Турна во олимписките резерви

Селекторот на Франција, Гијом Жил го соопшти конечниот 14+3 состав за настап на претстојните Олимписки игри во Париз. Каква е конкуренцијата во Франција можеби најдобро говори податокот дека од тимот веќе отпаднаа Кентан Мае и Тимоти Н'Гесан, а селекторот мораше да направи ново кратење. 
Последни отпаднаа, односно се во списокот на резерви голманот на Кил, Беласен, потоа плејмејкерот Мин и можеби најголемото изненадување - Николас Турна, новата играчка аквизиција на Нант. 
Лудовик Фабрегас, Лука Карабатиќ и дефанзивецот Карл Конан се пред Турна на списокот. 
На ОИ измени во составот се можни само доколку некој играч се повреди. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk