Судиите до 55 години на евро-сцената

Европскиот ракомет ќе добие возрасни судии откако беше одобрено поместувањето на границата за пензионирање од 50 на 55 години.

Дали ЕХФ нема доволно квалитетни судии што мораше да одигра ваков потег и не може квалитетно да ги замени судиите на кои им завршува кариерата? Меѓу нив и нашите Николов и Начевски кои беа една година до ракометната пензија?
Каков и да е одговорот, ваквата одлука не можеме безусловно да ја поздравиме, затоа што не е ни лесно да замислиме 55 годишни судии како држат ритам и концентрација во ерата на сѐ побрзиот ракомет на терен каде што екипите буквално летаат од едната на другата страна.

Од друга страна, пак, што се однесува на пример за домашните терени во Македонија и ако земеме предвид колку брз ракомет се игра кај нас, не е тешко да замислиме и уште повозрасни судии како успешно си ја вршат работата.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk