Тиквеш ангажираше голман од Србија

Екипата на ГРК Тиквеш ќе има српски чувар на мрежата и по заминувањето на Јанко Гемаљевиќ кој се врати во матичниот клуб Раднички од Крагујевац.

Игор Арсиќ, голман кој веќе има брането во Македонија и тоа во двата битолски клуба од платформата, а во Кавадарци ќе дојде од редовите на грчкиот АЕК.

Арсиќ има побогато искуство стекнато во Грција каде што покрај АЕК каде бранеше во два наврата, има настапувано и како играч на Олимпијакос и на ПАОК. Од меѓународната кариера има играно и во Израел.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk