Фуриозно полувреме за победа над Словачка

Македонската јуниорска репрезентација е во завршна фаза од подготовките за настапот на М20 ЕХФ Еуро што ќе се одржи во Словенија од 10 јули. 
Нашиот тим е во Словачка, каде што во местото Пухов ќе одигра два контролни натпревари со соодветниот домашен состав. Првиот меч се одигра, Македонија победи со 29-16, а вториот меч е денеска (сабота) со почеток од 15:00 часот.
На првиот дуел рамноправно се играше 27 минути во кои домашниот тим водеше 9-6. Потоа влегоа во серија на грешки кои Македонија ги искористи и на полувреме се замина со резултат 9-9.
Фуриозен беше стартот на македонскиот тим во вториот дел и серија од 11-1 стигна до водство од 20-10, по што до крајот на средбата рутински одиграа за конечна победа од 13 гола разлика. 

На ЕХФ Еуро, репрезентацијата на Македонија ќе биде во група со селекциите на Хрватска, Црна Гора и Австрија во групата А.
Потоа по еден нов и компликуван систем што дополнително и детално ќе го објасниме пред почетокот на ЕП, во Главна рунда продолжуваат сите првопласирани екипи и двете најдобропласирани од групите А, Б, Ц односно Д, Е и Ф.  

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk