Колку плати Кил за Андреас Волф?

По најслабата сезона во последните 20 години, германскиот Кил реши да ги поправа најслабите позиции во тимот, а почна со голманската.
Андреас Волф по четири години се враќа назад во Кил, но бидејќи тој имаше активен договор со полскиот Келце, Германците мораа да платат отштета.
Неофицијално, Кил за трансферот на Волф платил 1.6 милиони евра отштета на Келце, со условна клаузула ако во следните две години стане првак на Бундеслигата или европски шампион ќе доплати уште 200.000 евра, ако ја освои ЕХФ Европската лига, Келце ќе добие уште 100.000 евра дополнително.
Волф би требало да заработува нето 45.000 евра месечно. 

фото: kielcehandball 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk