Oфицијално: Волф се врати во Кил

По официјализирањето на трансферот на Лука Циндриќ во Веспрем, денеска е официјализан уште еден топ трансфер за кој се зборуваше долго време.
Кил официјализираше дека го откупил договорот на Андреас Волф од Келце и дека тој се враќа во нивните редови и ќе биде нивни играч најмалку до 2028.

Андреас Волф претходно играше во Кил. „Зебрите“ го ангажираа во 2016 од редовите на Вецлар. Мина три години во Кил и си замина незадоволен од минутажата што ја добиваше во конкуренцијата со Никлас Ландин.
Замина во Келце, а во меѓувреме Ландин си замина од Кил. Обидот да го заменат голманскиот тандем Волф-Ландин со голманскиот тандем Мрква – Белансен заврши со фијаско и најслабата сезона на Кил во последните 20 години.

Од друга страна, амбиентот во Келце со постојаните финансиски кризи, промени на спонзори и претседатели на клубот создаде услови за заминување на големите ѕвезди. Андреас Волф секако е една од нив, а Келце убедени сме добро протифитирал од разделбата.
Останува неодговорено дали и Гонзало Варгас следната сезона ќе дојде во Кил и дали повторно ќе има незадоволен голман од минутажата ако тоа биде случај.


фото: thw kiel
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk