Дрогришки за побрзо враќање во Суперлига

Неочекуваното испаѓање на Е. Пелистер 2 од Суперлигата во понискиот ранг Прва македонска лига беше примено со големо незадоволство и револт меѓу битолските фанови. Тренерот Михаил Петровски веднаш поднесе оставка што беше прифатена, а сега почнува реконструкција на тимот кој следната сезона преку прволигашките дуели ќе треба да обезбеди брзо враќање во најсилното македонско првенство.

Битолчани промовираа две нови имиња за следната сезона. Поранешниот сениорски репрезентативец Стефан Дрогришки се враќа во Битола од екипата на ГРК Охрид и би требало да биде главниот играч за битолската „двојка“ следната сезона.

Друго ново име во тимот ќе биде голманот Мартин Јовановски кој е повратник во тимот откако една сезона мина како интернационалец на Кипар.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk