Каква боја ќе биде подлогата на ОИ Париз?

Олимписките игри во Париз ќе бидат централниот спортски настан годинава. Репрезентациите се веќе во своите кампови, организаторите имаат полни раце работа за да ги исполнат олимписките норми за организација, иако сам по себе овој турнир е двојно помал со бројот на учесници од ЕП, тројно од СП.

Секоја ОИ треба да има свој печат, париската нема да биде исклучок. Французите ќе остават белег со бојата на теренот.
ЕХФ ја има својата сина боја на терен која своевремено на огромно задоволство на сите, особено на фотографите ја замени очоболната жолта.
ИХФ дозволува отстапувања. Органзаторите на ракометниот турнир велат дека бојата на теренот што ќе биде на ОИ во Париз досега не е видена на ракометните терени, односно подлоги.

Што смислиле Французите е тајна. Ќе биде откриено на 11 јули.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk