ЕХФ ќе ја блокира БиХ поради долг кон Обрван!

Ракометниот сојуз на Босна и Херцеговина објави драматично соопштение во кое вели дека ЕХФ ќе ги суспендира сите нивни репрезентации, клубови и службени лица доколку до 15 август му биде исплатен долгот на нивниот поранешен селектор Ивица Обрван.

Хрватскиот стратег кој од 2013 до 2016 беше селектор на Македонија, кормилото на БиХ го презема во 2021, а во март 2022 поради неисплатени долгови замина од кормилото на репрезентацијата.

Долгот на РС на БиХ кон Ивица Обрван комплентно сега изнесува околу нешто помалку од 139.000 евра. Сојузот на БиХ во соопштението нагласува дека ова е проблем што нема да може да го реши сам и бара помош за спас на ракометот.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk