Фарски ги тестира Јапонците

Photo © Japan Handball Association

Репрезентацијата на Фарски Острови отпатува на Далечниот исток за да биде спаринг партнер на Јапонија на две контролни средби закажани да се играат во градот Кјото каде што јапонскиот тим се подготвува за настап на Олимписките игри.
Одигран е првиот натпревар на кој репрезентацијата на Фарски Острови, која во Јапонија е во најсилниот состав успеа да победи минимално (30-29).
Елијас Елефсен а Скипаготу со седум постигнати гола беше најефикасниот играч во гостинскиот состав.
Косуке Јашухира, довчерашниот ракометар на Вардар, постигна три гола на овој подготвителен меч.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk