Будуќност остана без главниот спонзор

Една од двете екипи во Европа која ги освоила сите шампионски титули досега во својата земја, екипата на Будуќност од Подгорица остана без главниот спонзор, компанијата „Бемакс“.
Јавноста е денеска инфорирана дека оваа компанија се повлекува од спонзорскиот тим на клубот и дека нејзината мисија е завршена.
Имено, Бемакс „влегол“ во Будуќност во период кога клубот бил во големи долгови и нерешен финансиски статус. Со нивни придонес, по три годни клубот одново е на здрави нозе. Долговите се расчистени, играчите подмирени, составен е тимот за следната сезона.
Со сите штиклирани обрвски, компанијата се повлече од финансирањето на клубот.
Со оглед на тоа дека Будуќност е практично државен проект, не се сомневаме дека наскоро ќе има нов главен спонзор.
 

Поврзани вести